Горда сум на дечкото кој одржа говор, вечерва, кој ниеден политичар не го одржал досега во независна Македонија. Траеше 7-8 минути, а потоа ги повика сите да се поклонат на споменикот на ,,Бранителите”.
Дечкото кој стоеше кај Триумфалната, чиј глас го снимив ,,во живо”. Не и ликот. Намерно.
Зборуваше од срце, од артерија, плачеше додека им вриштеше на полицајците. А, наоколу молк и тишина.
Те поздравувам. Јави ми се. Сакам да те пренесам повторно, да те запознае Македонија.