СЕ РАЃА НОВАТА СОЛЗА ГРЧЕВА НА БИХАЧКА, АМАН БЕ КОЛКУ ПРЕДАВНИЦИ ИМА ВО СДСМ?!?! АСТЕРУД : Силјановска е персонификација на темелните вредности на Уставот и ќе го штити истиот!

0
1626

Меѓутоа, сега, во овој момент и контекст, како граѓанка на Македонија, јас сум шокирана и уплашена од авторитарните и тоталитарните матрици кај многумина во и околу власта.

Од сето екстремизирано и отворено мразење на концептите на политичкиот плурализам и опозицијата, од презирот, релативизацијата и банализацијата на владеење на правото, а сето тоа обландирано со некаков синдром на ‘кога жртвата станува џелат’, како и со некакво фанатизирано чувство дека за наводни ‘исправни цели’, дури и со фанатизирана умисленост дека власта е единствено паметна да ги види, нема потреба да имаат какви било кочници и обѕири, дури ни најосновните што ги бара Уставот на земја која претендира да биде слободна и демократска. Тоа ме убедува дека е најдобро преку претседателската функција да вградиме барем една, но клучна кочница и рамнотежа во актуелното оперирање на политичката власт, инаку на сигурен пат сме да добиеме надградена копија на истото тоа што сум се борела против измината деценија.

Можам дури да кажам дека е најблиска човечка персонификација на темелните вредности на нашиот Устав, засилено со знаење, интегритет и борбеност тоа да го штити.

Третата причина е секако фактот дека е жена и мислам дека е време да направиме историја и со прва жена – претседателка на Македонија, и токму во неа гледам граѓанка со силна граѓанска и феминистичка свест, секако комбинирано и со животна и професионална зрелост, мудрост, такт и изострено чувство на правичност и фер-плеј, а кои се нужни за честа и одговорноста да се биде избран на таква клучна државна функција“.

Ова го одговори професорката Каролина Астеруд за куртон медиумите како Курир.