СЕ РАЗГОРУВА ВОЈНАТА МЕЃУ РЕЏЕПИ И ЗЕКИРИ: Греота е на какво дереџе паднал Сула, за злоупотребите постојат многу факти

0
1108

Пратеникот Мухамед Зеќири преку својот Фејсбук профил реагираше на изјавата на претседателот на ИВЗ Сулејман Реџепи.

-Ja прочитав реакцијата на Сула на еден портал кој што го спонзоризира и за греота е тоа на какво дереџе паднал овој човек.Навредливите зборови, клеветите и измислиците што ги спомнува, најдобро зборуваат за него. Сè уште мисли дека е некој фактор, дури и си дозволува да се заканува, замислете ќе има референдум и резултатот ќе зависел од него

Што мислиш да му се придружиш на ВМРО? … Среќен нека ти биде патот, никогаш не си се разликувал ни по менталитет па ниту по дејствувањето од оние кои ги имаш БЛАГОСЛОВЕНО.

Инаку, во вашата реакција, Сулејман Реџепи, си заборавил да одговориш на прашањата што ги поставив во парламентот:

Дали е точно дека цената за аџилак оваа година е 4100 евра или 720 евра поскапо од минатата година?

Дали е вистина дека за злоупотребите со визите за аџилак се спомнувате и во еден извештај на Стејт Департментот?

Дали е вистина дека на хаџиите им ги продавате визите по 500 евра, иако истите се бесплатни?

Дали е вистина дека ги злоупотребувате имотите на ИВЗ за вашите потесни интереси?

Колку имами и професори има по медресињата и факултетите кои останале без платено пензиско и инвалидско осигурување?

Не заборавајте дека за сето ова постојат факти и аргументи, не се измислици или клевети.

Пред да се грижите и да се плашите од контролата финансовата полиција и трудовата инспекција, треба да се плашите од Аллах за сите злоупотреби што сте ги направиле досега. Селам Сулејман Реџепи

П.С

За злоупотребите во институцијата што ја водите, постојат многу факти и други детали за кои јавноста ќе биде информирана, не грижете се – напиша Зекири на Фејсбук.