Се разведува од својот сопруг полицаец бидејќи и здодеало секој ден да му ја пере шарената униформа

0
1097

Шарената револуција освен што го дестабилизираше македонското општество, почна да ги разнишува и браковите низ земјата. Брачниот пар Делови од Скопје е блиску до развод а причина за тоа е токму Шарената револуција. Како што дознаваме сопругата Стојна поднела барање за развод од својот сопруг Мирко, бидејќи не можела да го издржи секојдневното и макотрпно перење на полициската униморма на својот сопруг.

„Ова е веќе премногу. Кога стапив во брак со него не го очекував ова, јас се омажив за полицаец а тој сега како да работи молерофарбарски работи. Ми здодеа секоја вечер да му ја перам шарената униформа. Стопати му реков да седи пострана и да внимава да не го испрскаат, ама бадијала. Ќе се разведам па нека оди исфлекан на работа, баш ми е гајле“ луто изјави Стојна.

Извор: Коза Ностра