Се оддржа протестот против убиецот на животни во Ѓорче Петров, активистите се заканија со нови протести доколку полицијата не преземе мерки против садистот

0
1158

Им блaгoдaрaм нa сите штo нaјдoa време и дoјдoa нa oвoј симбoличен прoтест прoтив кoрумпирaнaтa пoлицијa. Им блaгoдaрaм и нa oние кoи не дoјдoa, a мoжеле. Зaтoa штo не јa сфaтиле сериoзнoстa нa ситуaцијaтa.
Бевме стoтинa луѓе,штo зa вaкoв нaстaн е зaдoвoлувaчки.

Oд пaркoт не демнеa ѓoрчепетрoвските деликвенти,кoи се зaнимaвaaт и прoфитирaaт oд бoрби сo кучињa. Пoлицијaтa ги знaе.
Нa oдгoвoрните oд пoлицијa утре ќе им бидaт пуштени кривични пријaви, a сoветничкaтa групa нa СДСМ вo Ѓoрче Петрoв ќе пoбaрa oдгoвoрнoст зa целиoт случaј.

Акo ми стaне нештo нa мене, a и нa aктивистите зa прaвa нa живoтните, тoгaш веќе немa дa ни требaте, имaјте гo тoa нa ум, пред дa пуштите пoвтoрнo виртуелнa пoддршкa.

Фб статус на Јорданка Ивановска – Јоци

Еве што стои во повикот за протестот:

„1. Полицијата заштити садист, деликвент што со денови измачувал коњ, го изгладнувал, чекал да умре во дворот на ОУ Димитар Поп Георгиев Беровски во населбatа Ѓорче Петров, со цел со него да нахрани кучиња чувани за борби, во дворот на училиштето.

2. Полицијата не го спречи деликвентот да го однесе повредениот, изнемоштен, преплашен коњ, иако ние обезбедивме ветеринар, превоз и понудивме згрижување на животното – напротив, полицијата уште го советуваше да го изнесе од училишниот двор, за да не добие можност за пријава и казна. Полицајците беа збунети и телефоните им ѕвонеа десетина пати во една минута. Веруваме дека добивале инструкции како да постапат.

3. Коњот заврши кај монструм и силеџија, иако ние сакавме и можевме да го спасиме, иако и нашиот адвокат им предочи на полицајците дека лично сведочат на кривично дело мачење на животните, извршено од лице што чува кучиња за борби, што е уште едно кривично дело. За двете дела согласно со Кривичниот закон на РМ се предвидени и казни затвор.

4. Полицијата не ги спречи силеџиите да искажуваат вербално насилство и да им се закануваат со тупаници на активистите и само молчеа без да направат записник за тоа.

5. Полицијата ги евидентираше активистите, ги фотографираше и нив и нивното возило, што непосредно го толкуваме како обид за притисок. За насилникот што го мачеше и го уби коњот, кој во моментов поседува уште еден коњ што треба да заврши како храна на неговите кучиња спремани за борби, не направи ниту записник.

6. Новинарката Ј. Ивановска-Јоци, која дојде на самото место за да му помогне на животното и која пишуваше за коњот, преку посредници од џганот деликвенти доби закани по живот.

7. Деликвентот, кој има и име и презиме, заедно со своја багра насилници вчера вечер повторно го донесе коњот, овој пат мртов, со врзани екстремитети, мачен и убиен. Полицијата, иако дојде, не постапи во рамките на своите овластувања.

8. Вториот коњ сè уште е кај насилникот и прашање на часови е кога ќе биде убиен како и првиот коњ. Криминалци, насилници, џган се штити во Македонија, наместо хуманоста – Македонија е последниот круг од пеколот за животните!

Бараме полицијата, Агенцијата за храна и ветеринарство, општината Ѓорче Петров итно да интервенираат, да ни биде предаден живиот коњ, кучињата врз кои се изживува и кои ги држи за борби, а насилникот да биде зад решетки. Бараме казна за полицајците што не постапиле соодветно и иако можеле, не го спасиле сега веќе мртвото животно.