Сефер Цаноски: Знам дека сите ќе платите и ќе одговарате за целото зло што сте го направиле!

0
1255

„Oд тој момент ние имаме уште едно дете и ниту едно бело влакно на косата, и фала му на Бога, сме среќни и весели. А ние бевме први (Велија и Фијат) што сфатија со кого си имаат работа и први кои се тргнале од Груевски и ВМРО-ДПМНЕ поради начинот на кој владееле, Така да, не се чудете зошто Фијат така зборувал.  Фијат е првиот кој заминал од власт во опозиција, и тоа е тоа што денеска го слушаме како освета“, рече синот на Фијат, Сефер Цаноски, во изјава за Либертас, после 13-та бомба на опозицијата, во која повторно тема беше семејството Цаноски и рушењето на Космос, а Груевски цитирајќи го Цаноски, го спомена и Сефер и неговото семејство.

Во продолжение слушнете го вториот дел од денешната „бомба“.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=cMrWZ20-9KU[/youtube]

Сефер Цаноски и преку Фејсбук статус реагираше на снимките:

„Што и да кажам после ова што денеска го чувме е залудно. Но едно знам. Знам дека сите ќе платите и ќе одговарате за целото зло што сте го направиле. Во тоа сум повеќе од сигурен.

Да, вистината е навистина како шило и излезе на виделина и уште еднаш јавно , ќе му заблагодарам на Зоран Заев, за мене еден од најчесните и најискрени политичари на денешницата во Република Македонија и пошироко.

Време е за чесни и искрени луѓе во политиката, во бизнисот, во нашава скромна држава во секој поглед. Кога оние кои вработуваат, хранат стотици фамилии ги рушите и уживате во сето тоа, тогаш тоа е повеќе од доволно да сфатиме дека вие сте на погрешна позиција во погрешно време.

Господ да ни е на помош на сите кои живееме и си ја сакаме оваа наша Македонија со ваква власт и луѓе кои наместо да бидат пример со нивното однесување штетат на младо и на старо. На генерации кои ова го слушаат како едниствен, уникатен и негативен пример во историјата од нашето постоење. . .

Покојниот Борис Трајковски нашиот личен пријател велеше: Господ да ја благослови Македонија. Дај боже Претседателе да ја благослови оти црно ни е пишано“, напиша Цаноски.

ТРАНСКРИПТ ОД РАЗГОВОРИТЕ НА ГРУЕВКСИ И ЈАНАКИЕСКИ ПОВРЗАНИ СО ФИЈАТ ЦАНОСКИ:

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Миле?
МЈ: Молам.
НГ: Што правиш?
МЈ: Комисија водам уште.
НГ: Кај си ти, у кој дел на зградата?
МЈ: Долу, Влада, баш Влада кај што има.
НГ: Ааа долу, а? Беше овој сега.
МЈ: Добро.
НГ: Бааѓи исплашен. Бааѓи. Значи не сум го видел ваков досега, никад.
МЈ: Аха, овој…добро.
НГ: Фијат.
МЈ: Да, ми текна, да.
НГ: Го оставив, се испука. Се… разни документи ми извади дека се у право, да не знаеш вика зошто вака. Еве пред месец дена ти си потпишал нешто, па некоја поправка требало, па сега за поправката чекаме месец дена. Не знам викам не сум во тек, целосно, ќе провериме сигурно – викам – има нешто. Ама нема, ја прашав таму вработените, ова-она. И од прилика од околу-од околу му кажав културно што се забелешките за него. Дека го нема жив таму да се појави, и викам знаеш, другото сега да не ти зборам, што овака се збори. Ама, викам тоа не значи дека човеков ради тоа не ти дал, него сигурно има некоја техничка…проблем некој, викам…
И почна да се правда за тие две работи. И на крај му реков, ај викам ќе поразговарам со Миле, да видам што се проблемите, па ќе ти јавам вечер. Мооолим те вечер да ми јавиш, утре ми е Рамазан, мирно да спијам вечер. Не можам више да спијам, хахахаха.
Ми се виде стварно многу исплашен, дури жал ме фати у еден момент, да ти кажам.
МЈ: Заглавен е.
НГ: А? Аууу, вака го неам видено никогаш до сега, а и ретко кој вака исплашен ми дошол. Молим те што сакаш да правам, тоа. Ако сакаш Велија да го довлечам еве, дај да ви организирам средба, ја стварно немам со него, ни бизнис, ни сакам да имам бизнис. Децава ни се сега заедно, утре може нема да бидат, нон-стоп се караат. Хахахаха. Молим те, хахахахаха.
МЈ: Барем да ни го смета како услуга.
НГ: А?
МЈ: Да ни го смета како услуга.
НГ: Ќе ни го смета како услуга, да, да, да. Е сега ти треба да смислиш причина зошто си го држел. Нешто…појма немам, не мора во детали да му кажувам, до вечер, ја му реков –вечер ќе ти се јавам.
МЈ: Не, одма ќе Ви кажам. Значи, демек, згрешиле службите, правеле анекс, јас сум го пуштил во Катастар, да го проверат до крај. И Катастар демек до утре ќе ми одговори.
НГ: Мхм.
МЈ: Дека така сум Ви рекол.
НГ: Згрешиле службите и си го пратил во Катастар?
МЈ: Види, да. Хаха. Значи, официјално нема ништо. А неофицијално…
НГ: Не, не, ама добро. Си го пратил ти во Катастар, така?
МЈ: Неофицијално во Катастар да го проверат, зошто ми биле чудни онакво, и сум чекал од Катастар…
НГ: Од Катастар си чекал, одговор. Добро.
МЈ: Неофицијално.
НГ: Неофицијално, да де да. Неофицијално си го пратил, аха.
МЈ: Да.
НГ: Добро да, тоа е добар изговор, океј.
МЈ: Зошто ги згрешиле квадратурите, сум сакал да ги проверам квадратурите, и така натаму, и така натаму, и така.
НГ: Он сакаше сега средба да прави со Велија. Ја му реков ќе размислам за тоа. Мислам дека сега Велија реда-ради сака да направи средба. И нејќам да ми рачуна дека заради Велија се завршила работата. Нека си го рачуна од нас, еве завршено.
МЈ: Услуга. Добро, добро излезе овака.
НГ: Добро излезе. Значи, не да е посран, му тече и низ панталони.
МЈ: Добро е што знае дека, дека не смее да се зафркава.
НГ: Не смее и не може како сирење да не решета, знаеш. Ај овие кој ги ебе, ама ја ќе си најдам поединци, и на ваков или онаков начин ќе си ја завршам работата. Да види дека сме компактна целина.
МЈ: Така да.
НГ: И дека кога ќе ја нападне целината, поединците знаат да се повлечат два чекора назад и да му речат стоп. А ништо не му бараме.
МЈ: Да де да.
НГ: Ништо не му бараме. Само за ова, за Парламент ми се правдаше, молим те да не доаѓам, молим те не можам да издржам тоа. Хахаха.
МЈ: Хахаха.
НГ: Молим те у бизнис сум, не знам главата кај ми е. Еве следните избори нема, еве ако сакаш следните избори да ти потпишам кај сакаш нема да се кандидирам, на друг ќе ја дадам партијата, на кој сакаш…хахахахахахаха…Дај ако треба да потпишам негде, ама мртов озбилен. Хахахахаха
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

МЈ: Сега како да одиме сега понатаму? Да…
НГ: Ја вечер ќе му се јавам, малку нека размишља до вечер. И тоа ќе му се јавам покасно. Хахахаха. Накај единаесет и пол ќе му се јавам. Хахахаха. И ќе речам – зборев со Миле – комплицирана е ситуацијата, се уште нема одговор од таму, пратил во Катастар, неформално, ама не му даваат нешто одговор. Вртев и таму – ќе речам – таму нешто сакаат нешто по архиви да најдат, нешто ова-она, ама ќе убрзаме, Миле ќе ризикува ќе го потпише у понеделник, ууу среда, до крајот на денот у среда.
МЈ: Добро.
НГ: А у среда ти при крај на денот ќе му го потпишеш, пошто од сабајле е гласањево. Да не случајно го фати стомак.
МЈ: Добро. Готово, готово.
НГ: Ако те бара денес, не му се јавувај, за да бидеш константен.
МЈ: Готово, готово.
НГ: А после откако ќе потпишеш, јави му се и речи – не, тоа без везе си се љутел ти, си чекав јас – речи – потврда, ама еве запна Премиерот – речи – и, да ти учиниме, ризикував малце.
МЈ: Добро.
НГ: Е така, ќе го направам дека и ти си се стаил у ризик.
МЈ: Така. Океј, готово.
НГ: Без одговорот од оваму идеш, ризикуваш.
МЈ: Добро. Ок.
НГ: Ајде.
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Ало Миле, што правиш?
МЈ: Добро, кај Владо сум, на состанок.
НГ: Ааа, така. Сега беше Фијат.
МЈ: Добро.
НГ: Му кажав дека детално сме го разгледале неговиот предмет. И дека ќе бараме начини да му помогнеме. Те спомнав и тебе дека сме разговарале, дека и ти бараш начини да му се помогне. Му кажав дека има грешки и не е случајно така постапено. Ииии добро – вика – признавам има, ама не се намерни, не знаев, не знам што, ова-она. Така да малце порадосен го пуштив. И сега он вика – ако сакате да ми помогнете, треба Миле да ми одговори на жалбата, да ја врати кај овој и да се реши. Така ли е?
МЈ: Не, има поедноставен начин има.
НГ: Знаеш зошто вака постапив? Не знам дали сум ти кажал. Ќе го тужи Коце и овој, Тони. На тоа ќе се сведе. Ќе им земе отштета и ќе ги брка лично.
МЈ: А да тераме или да му најдеме негова маана?
НГ: Како?
МЈ: Негова маана да му најдеме?
НГ: Негова ако имаме да му најдеме, добро е да ја имаме, па да видиме понатаму како ќе оди.
МЈ: Добро.
НГ: Значи, ти размисли како да го решиш, ама на начин…
МЈ: Знам како, знам, знам.
НГ:…да може и пак, ако треба. Ама не да… да не биде вака по вина на Тони и на Коце. Оти ова испаѓа по вина на Тони и Коце, он ќе си ги земе парите назад на суд, со камата. Тони и Коце ќе го јадат, и со кривични и со…можда и со пари, не знам. Они се вознемирени до даска, нон стоп ми пуштаат пораки и двајцата. Претпоставувам и тебе. И не е решение.
МЈ: Океј. Ќе го средам само на тој начин што ќе му речам да си ја повлече тој жалбата, а Тони ќе го затвори таму. Мислам имавме со Тони, 2-3 состанока, така го знам во детали овој предмет.
НГ: И размисли пак ако затреба, како.
МЈ: Да де да. И тоа паралелно ќе си го обезбедам. Океј.
НГ: Да.
МЈ: Океј, важи.
НГ: Океј, ајде.