Серија на влажни бранови и позначително количество на воден талог (АНАЛИЗА)

0
1803

Почнувајќи од понеделник па во поголемиот дел од следната седмица територијата на Македонија ќе биде под влијание на серија влажни воздушни бранови кои доаѓаат од Медитерат и истите ќе предизвикаат повремени врнежи од дожд (повремено ПОИНТЕНЗИВНИ) а не се исклучува можноста и за ретка појава на грмежи. На повисоките планински места ќе има врнежи од снег каде ќе се формира нова снежна покривка (можно и позначителна). За време на оваа серија на влажни бранови од Медитеранот количеството на многу места ќе изнесува околу 30 л/м2 воден талог а локално од 40 до 50 л/м2 воден талог (не се исклучува можноста количетвото на врнежи д абиде и нешто поголемо).

Во понеделник ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југозападен правец кој на некои места можно е да достигне брзина до околу 70 км/час. Потоа во следните денови ветерот ќе го менува својот правец во северен и североисточен а температурите ќе бележат тенденција на опаѓање.

На следната карта можете да го погледнете најновиот излез на нумеричкиот модел GFS кој го покажува количеството на прогнозирани врнежи за следната седмица:

150-777GR

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ