Семејството Деловски е згрозено од отфрлање на кривичната пријава против чувената режимска певаљка Андријана Алачки

0
992

Згрозени сме од крајно непрофесионалниот однос на Основното јавно обвинителство (ОЈО), кое објави во јавноста за отфрлање на кривичната пријава против Андријана Алачки заради „немање“ вина во сообраќајната незгода на ул. Рузвелтова, при што со смртно настрада Киро Деловски, без претходно да го информира семејството на загинатиот.

alackiKumanovo-685x320

Ова се вели во реакцијата на семејството Деловски упатена до медиумите, при тоа додавајќи дека конечниот збор ќе го даде Вишото јавно обвинителство, пренесува Макфакс.

„Вештачењата кои ги зема предвид Основното јавно обвинителство се во спротивност со вештачењето направено од вешто лице ангажирано од наша страна, при што зачудувачки е фактот што веројатно ниеден од наводите во ова вештачење не е земен предвид при донесување на решението. Станува збор за човечки живот и неразбирливо е со каква леснотија Основното јавно обвинителство, а првенствено Бирото за судски вештачења, утврдиле дека возачот на моторното возило нема вина во сообраќајната незгода која се случи во централно градско подрачје, на крстосница со двоен пешачки премин, каде неминовно е вниманието на возачот да биде упатено на пешачкиот премин, како и на пешаците кој во тој момент го минувале коловозот“, се вели во реакцијата од семејството Деловски.

„Сепак, цениме дека Вишото јавно обвинителство ќе најде за сходно да го преиспита целиот овој случај, кој според нас е контрадикторен и притоа ќе утврди колкава е вината на секој од учесниците во сообраќајната незгода. Во интерес на „истрагата“, како семејство во изминатиот период не дававме никакви коментари на информациите кои беа пласирани во јавноста, надевајќи се дека самата истрага ќе биде водена професионално и непристрасно. Од досегашните резултати, уверени сме дека истрагата била се, само не непристрасна и објективна“, се вели во реакцијата.