(ФОТО) ВРАПЧИШТЕ ВО 21 ВЕК КАКО ВО КАМЕНА ДОБА : МЕШТАНИТЕ МОЛАТ КОЛАТ ДА ДОБИЈААТ КАПКА ВОДА! А КОГА ИМА, ТАА Е ТИЊА И ПОЛНА СО БАКТЕРИИ И КАЛ!!!

0
1309

Почитувани,

Ви пишувам со цел да Ве известам за најзагрижувачкиот проблем на селото Врапчиште, во 21. век. Врапчиште веќе со години нема стабилен пристап до вода. А кога има, можете на атачираните слики да видите состојбата на водата. Ви се обраќам да побарам помош за пораката да стигне до овластените органи на Република Македонија.

Им се обраќам на надлежните органи со надеж дека овој проблем ќе се реши во најкратко време, особено ако сакаме Р. Македонија да биде член на ОН и ЕУ, бидејќи, право на вода и сенетација е помеѓу основните човекови права според General Comment No. 15 и Resolution 64/292.

Ви благодарам однапред.

Со почит,
Озлем Сали