Селмани: Бејли се залага Канал 5 да добие владини реклами за да може Миленко да купува бензин и експлозив за да пали амбасади!?

0
1200

Груевски и неговите пријатели од Истокот преку Миленко им се закануваат на американците дека ќе им ја запалат амбасадата во Скопје.

Да потсетам, Миленко има емисија на Канал 5, која без владини реклами ќе замине во историјата.

На американскиот амбасадор Џес Бејли не му сметаат владините реклами. Изгледа Бејли не ги слушал бомбите во кои Груевски и Мијалков му ги уредуваат вестите на Латас за двата милиони евра добиени од владини реклами.

И после Бејли ќе ни каже дека тоа не било легализирање на корупцијата во медиумите затоа што и американската влада се рекламирала во медиуми без да ни објасни за што се рекламира нивната влада и кој е процентот на тие пари во вкупниот америкаски медиумски пазар.

Се надевам дека американската влада не се рекламира во медиуми, чии новинари им се закануваат на амбасадори дека ќе им ги палат амбасадите.

Биди толку паметен и свати им ја играта! Бејли се залага Канал 5 да добие владини реклами за да може Миленко да купува бензин и експлозив да пали амбасади.

Така тие е кога садиш тикви со ѓаволот! Обично непринципиелната политика се враќа како бумеранг. Но не сваќам, зошто ние останатите мораме да платиме за нивните игри – оние се сексаат, ние остануваме трудни!

Фејсбук статус на Насер Селмани