Села: Ќе се залагаме за вработувања по етничка линија

0
1326

Коалицијата „Алијанса за Албанците“ вечерва одржа митинг во тетовско Желино.

Претседателот на ДПА Движење за реформи Зијадин Села, кој е носител во Шестата изборна единица изјави дека ќе се залагаат албанскиот јазик да биде службен на цела територија на Македонија. Државата, како што рече Села, ќе биде бинационална и ќе се донесуваат одлуки со консензус, а децентрализацијата ќе биде целосно спроведена.

– Ние ќе предложиме и правична распределба на работните места. На пример, во тетовската полиција да има вработено 80 проценти Албанци, затоа што во тетовско живеат 80 проценти Албанци. Вака ќе биде во сите институции, значи етничкото вработување ќе биде реализирано во зависност од тоа колку во одреден регион живеат Албанци, рече Села.

Тој додаде дека на „Алијансата за Албанците“ коалиционен партнер и е албанскиот народ.

На присутните во Желино им се обратија и кандидатот за пратеник во Шестата изборна единица Зулфи Адили, како и претседателите на другите две партии, коалициони партнери во Алијансата за Албанците Весел Мемети од НДП и Гзим Острени од Унитети.

Алијанса за Албанците вечерва одржа митиг и во Челопек, општина Брвеница.