Села побара оштета од половина милион евра за обидот за убиство врз него во Собранието

0
1156

Зијадин Села бара обесштетување од половина милион евра од обвинетите за обидот за негово убиство на 27 април минатата година во Собранието. Иако за денеска беше предвидено меѓу сведоците да дојде и самиот Села, бавните сведочења оневозможија тој да зборува пред судското тело.

Тој ќе дојде да сведочи на 19 или 20 февруари за кога ќе се закаже следното рочиште. Во однос на обесштетувањето, тоа се однесува на материјалната и нематеријалната штета, нешто што го образложивме на судското рочиште“, рече Абедин Абдули, адвокат на Зијадин Села.

Пред судските тела и на прашањата на јавниот обвинител одговараше и вработен во компанијата која ги контролира безбедносните камери во Собранието. Тој кажа што побарале од него инспектори на МВР, а на прашањата од адвокатите од одбраната и на јавниот обвинител, сведокот Орданчо Соколовски одговараше за автентичноста на снимките.

Освен Соколовски, сведочеше и еден од демонстрантите, Игор Ивановски, кој според обвинителната страна, во критичните моменти на пратеникот Села, бил во близина на толпата. Без оглед на тоа, Ивановски рече дека не го видел насилството извршено врз Села.