Села: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги загуби позициите во Струга

0
1373

Градоначалникот на Струга, Зијадин Села, ја раскинува коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Тој за Алсат-М вели дека не може да бидат во коалиција со луѓе кои не гласаа да им се помогне на кумановци.

Sela31-540x360

„ВМРО-ДПМНЕ го загуби моралниот кредибилитет. Нивниот огранок во Струга речиси и нема потреба да постои. Тие добија гласови за да ги решааваат локални проблеми, а нив, на ум им е само како да ја заштитат оваа Влада, која е ненародна и криминална и ја има заборавено Струга. Освен тоа, како да соработувате со луѓе кои не покажуваат хуманост. Со раскинувањето на коалицијата, природно е ВМРО-ДПМНЕ да ги загуби сите позиции што ги имаше на локално ниво“, вели Села за Алсат-М.

Со СДСМ, вели, се уште не е разговарано за можна коалиција..

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ го одбија предлогот, од општинскиот буџет да бидат издвоени 600.000 денари, како помош за жителите од Дива населба во Куманово чии што домови настрадаа во престрелките.