Секој ден пешачи 33 километри до работа и никогаш не задоцнил

0
1332

Џејмс Робертсон од Детроит секој ден пешачи по 33 километри до работното место. Секое утро излегува од дома во 8 часот наутро, а смената му започнува во 14 часот. Потоа работи до 22 часот, а дома се враќа во 4 часот. И така прави пет дена во неделата во последните десет години.

pesaci

 

Откако неговиот стар автомобил се расипал, 56-годишниот Робертсон сакал да купи нов, но не можел поради ниските примања. Иако еден дел од патот до работа го минува со автобус, преостанатиот дел и враќањето до дома ги минува пешки. Никогаш досега не задоцнил на работа, ниту зел боледување, пренесува Huffington Post.

Но, и покрај сите тешкотии со кои се соочува, Робертсон ниту еден миг не размислувал за тоа да се откаже од работата.

rabota2

„Не можам да замислам да не работам ништо, но морате да сфатите дека во светот постојат многу луѓе кои се во слична ситуација како мојата. Ако постои волја за нешто, тогаш постои и начин“, објаснува тој.

Неговата приказна ја објави Detroit Free Press и од тој момент животот на овој човек се промени. Студентот Еван Лиди започна кампања за собирање пари за купување автомобил. Целта беше да се соберат неколку илјади долари, но досега се собрани повеќе од 125 илјади долари.

Со оглед на тоа што се уште пристигнуваат донации, освен автомобил овој човек ќе може да си купи и куќа во близина на работното место. Сето тоа благодарение на луѓето кои беа трогнати од неговата инспиративна животна приказна.