Секоја посета на некој од владата прави невиден хаос во движењето во Стајковци

0
1147

Од Стајковци:

Случајно се затекнавме денес во исто време кога дојде Димитирев и уште ред други од свитата во с.Стајковци.

Секоја „посета“ на некој од владата, или некоја странска делегација (имаше и такви денес) прави невиден хаос во движењето во селото, особено кон пунктовите и пристапот кон него! Ај што парадираат само на почетокот каде е проодно и нема многу кал, одат со по 10 возила, а уличките се тесни, има огромни камиони во тесни улични и невозможно е движење на брза помош или дотур на донации, бидејќи овие скоро се блокираат!

Над 50 војници и полиција „регулираат“ потег од 1.5км од клучката до сред село и пак е хаотично!

Почнала да се шири шуга, а до најпогодените се уште не се стигнува со возило… хаосот и после 5 дена, за жал, продолжува!

Кирил Ефремовски – Фејсбук статус