СДСМ ќе решава за „втората сезона на бомбите“

0
1175

Ништо нема да остане необјавено. Кон крајот на неделава ќе донесеме одлука кога ќе продолжиме со објавувањето и на другите содржини од ‘Вистината за Македонија’. Затоа, молам за трпение и за разбирање“, изјави Заев за „Дојче веле“

zzaev dw

(…)

Во СДСМ, освен што немаат дилема дека сите сознанија ќе бидат споделени со јавноста, меѓудругото, размислуваат и за други форми на артикулирање на незадоволството.

„Покрај протестот кој ќе трае, деновиве ќе одлучиме какви други видови на активности ќе креираме се до исполнувањето на крајната цел“, најави Заев.

(…)

Деновиве, пак, во интервју за емисијата „Opinion“ на албанската телевизија „Клан“, запрашан од новинарот Бленди Февзиу дали снимките се автентични, Ахмети одговори потврдно, а во однос на можни сознанија за функционери од ДУИ на тие снимки, нагласи дека ако некој згрешил – ќе одговара.

Дел од досегашните „бомби“, кои открија епитети што ВМРО-ДПМНЕ наводно ги користела за коалицискит партнер – „Шиптариштава“, „Индијанциве“ „Тоа племе…“, не ја предомислија ДУИ од намерата да остане во власта.

„Излегувањето на ДУИ од Владата само би ја заострило кризата“, изјави деновиве во интервјуа за странски медиуми, Али Ахмети.

По оваа најава, според аналитичари, Ахмети освен што излегол на дефиниран и бришан простор, тој и директно го предизвикал Заев да објави се за ДУИ, доколку досега евентуално се воздржувал.

Текстот во целост прочитајте го тука