СДСМ ќе ги напушти преговорите ако се усвои законот за забрана на „бомбите“

0
961

klub.na.pratenici

Доколку законот за забрана за објавување на „бомбите“ биде изгласан во Собранието, СДСМ ќе ги напушти преговорите, дознава „Мета“ од извори од преговарачкиот процес.

Моментално, преговарачите од политичките партии на работните групи се на пауза, а олеснувачот Питер ван Хојте, амбасадорот на САД, Џес Бејли, и шефот на Мисијата на ЕУ во Скопје, Аиво Орав, одржуваат билатерални средби со политичките партии за да ги смират страстите. Дознаваме дека засега ниту едно прашање не е помрднато од мртва точка и се очекува преговорите да бидат тешки, напорни и да траат до рано изутрина.

Исто така, дознаваме дека Европската унија подготвила нацрт-закон за изборните правила, кој треба да се разгледува вечерва на состанокот на работните групи.

Извор : Мета