СДСМ Штип: Пет автобуси со вработени од Клиничката болница и општината заминаа на контра протести

0
836

Со организирањето на контра-протести пред Уставниот суд во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ го призна изборниот грабеж и призна дека стои зад иницијативата до Уставниот суд, се вели во писмената реакција на ОО СДСМ Штип.

Во текот на вчерашниот и денешниот ден, 5 автобуси со симпатизери и членови од ВМРО-ДПМНЕ Штип се упатени пред Уставен суд во Скопје.

Злоупотребувајќи ги институциите, вработени во Клиничката болница, во локалната администрација, во ЈП Исар, во училиштата и други, принудени се да ги полнат автобусите на ВМРО-ДПМНЕ за во Скопје.

Во Клиничката болница на сметка на здравјето на пациентите, медицински лица се упатени во Скопје.

Граѓаните денес лутаат по шалтерите на Општина Штип, затоа што за дел од вработените денес им е неработен ден. Чии интереси застапува градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илчо Захариев?

Во соопштението, се вели дека ова е уште еден показател дека институциите на државата коишто се раководени од партиски луѓе на ВМРО-ДПМНЕ се ставени целосно во служба на партијата.