СДСМ – Царовска : Груевски да ги повлече законите за хонорарците

0
1115

Бараме власта на Никола Груевски да не манипулира со законите што ги кратат хонорарите, со цел задоволување на дневно политички потреби и да го повлечат пакетот закони кои директно удираат по егзистенцијата на граѓаните.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=lyMNjFnw4qY&feature=youtu.be[/youtube]

Колку e неискрена власта на Груевски со граѓаните говори фактот што направија измени на измените на пакетот закони за хонорарци уште пред да почнат да ги спроведуваат, а пред само неколку месеци истиот тој пакет на закони од петни жили го бранеа.

Укажуваме дека новоизгласаните измени и дополнувања не менуваат ништо за граѓаните кои се невработени и оние кои и онака земаат минимални хонорари. Тие иако ќе плаќаат придонеси, со што ќе им се одзема од хонорарот, сепак нема да ги уживаат правата од Законот за работни односи (одмор, боледување, К-15….)

Доколку пратениците на ВМРО ДПМНЕ навистина сакаа да ги заштитат невработените граѓани и оние кои со години работат, а не се социјално и здравствено осигурени тогаш ќе предложеа задолжителна трансформација на сите хонорарни договори во договори за редовен работен однос, токму како што тоа наводно ќе го направат за 3.000 вработувања во јавната и државна администрација.

СДСМ предлага авторскиот договор, договор на дело или друг вид на договор склучен со невработени лица кои во континуитет се ангажирани повеќе од една година од страна на исто правно лице, да мора да бидат трансформирани во договори за редовен работен однос.

За да не дојде до злоупотреба на оваа мерка, правното лице ако го прекине авторскиот договор / договорот за дело, да не може да склучи нов договор со друго лице за истата работна обврска.

Ова е мерка со којашто ќе се намали можноста за долгогодишно хонорарно ангажирање на невработените, без да се обезбеди социјална сигурност.

Хонорарно ангажираните ќе ги добијат правата на вработени и притоа нема да бидат егзистенцијално оштетени.

Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика.