СДСМ: Фирмата – сопственик на Курир за 4 години остварила приходи во висина од над 1,7 милиони евра

0
1272

Колку и да шират невистини, медиумските курири не можат да ги покријат поразите на Никола Груевски и бегањето на ВМРО-ДПМНЕ од слободни, фер, демократски и регуларни избори.

Под притисок на граѓаните Иванов беше принуден да ги поништи срамните, неуставни аболиции.

Правдата ќе се врати, секој што го прекршил законот ќе одговара.

Како што вети лидерот на демократска Македонија, претседателот Зоран Заев, во Македонија нема да има уште едни криминални избори

Според официјалните документи од Централниот регистер, фирмата што се јавува како сопственик на Курир за период од 4 години остварила приходи во висина од над 1,7 милиони евра.

Токму затоа, медиумските курири се принудени засилено да шират невистини за да ја прикријат вистината, која е болна за оваа криминална власт.

Корупцијата, криминалот, реалноста, 10 години се крие од граѓаните со помош на медиумскиот мрак.

Затоа 1,7 милиони евра, пари на граѓаните, завршиле во провладиниот мегафон за само четири години