СДСМ: Фамилијата на Груевски преку подфамилии рајски се расфрлува со милиони?

0
1161

„Го нема директорот на Надзорниот одбор нa ЕЛЕМ, Ристо Ачковски да каже зошто почнаа да му се повлекуваат членови од Одборот?

Дали оставката на член на Надзорниот одбор на ЕЛЕМ доаѓа по планираната 14 милионска Рајска градина што одлучи да ја цвета ЕЛЕМ во Аеродром?

Дали можеби малата фамилија Ачковски под капата на големата фамилија на Груевски е одговорот за молкот на Ристо Ачковски?
Ристо Ачковски е претседател на Надзорниот одбор на АД ЕЛЕМ.

Синот на Ристо Ачковски, Кирил Ачковски е член на Управен Одбор на АД МЕПСО и директор на Подружница Оператор на пазар на електрична енергија (ОПЕЕ) – АД МЕПСО.

Снаата на Ристо Ачковски, сопруга на Кирил, Елена Ачковска е главен инженер за планирање во МЕПСО!

Врв на скандалозниот непотизам во двете енергетски компании е сопругата на претседателот на НО на ЕЛЕМ, Ристо Ачковски, Виолета Ачковска, омилената “експертка“ на медиумите под контрола на Груевски, инаку истакната членка и основачка на наводно независното движење ГДОМ.

Дали поради инсталациите во овие функционерски фотелји добиени од власта на Груевски претседателот на Надзорниот одбор на ЕЛЕМ Ристо Ачковски не може да им објасни на граѓаните како тие како надлежен орган, одобриле енергетската компанија ЕЛЕМ нелогично да потроши 14 милиони евра за Рајска градина во општина Аеродром?

ЕЛЕМ дозволува постојан пад на домашното производство на електрична енергија, што е всушност нивната основна дејност, но ќе им носи на граѓаните на Аеродром и Скопје мајмуни и желки за 14 милиони евра. МЕПСО дозволува цели реони да немаат струја при првиот снег, но се пресоблекува во милионски барок“, соопштуваат од СДСМ.