СДСМ: Уставниот суд да го штити Уставот, не ВМРО-ДПМНЕ

0
1068

Во пресрет на утрешната седница очекуваме Уставниот суд при одлучувањето за аболицијата на Ѓорге Иванов да ги заштити Уставот, граѓаните и демократијата во Република Македонија, а не тесноградите интереси на врхушката на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.

„Го повикуваме Уставниот суд итно и неодложно да се произнесе за уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство. Одлучувањето за СЈО требаше да се случи на првата седница по летните одмори. Ваквиот игнорантски однос кон ова прашање носи неизвесност и директно го поткопува Пржинскиот договор. Незивесноста околу одлучувањето за СЈО отвора сомнежи дека Уставниот суд свесно влегува во одредени калкулантски игри кои стануваат закана не само кон Договорот од Пржино, туку и кон целокупната демократија“, се наведува во партиското соопштение.