СДСМ: Трајановски секоја година на скопјани им ветува нов Луна Парк и секоја година ги лаже

0
1710

koce-trajanovski-5

Градоначалникот Коце Трајановски повторно ја залажува јавноста со проекти кои секоја година само ги најавува, а никако да се реализираат.

Трајновски секоја година на скопјани им ветува нов Луна Парк и секоја година ги лаже.

Така е и оваа година.  Повторната најава на проектот за нов Луна Парк во Скопје не значи и изградба на паркот. Луна Паркот воопшто не е предвиден во буџетот на градот Скопје!

Коце Трајановски наместо да инвестира во Луна Парк, реши да гради Панорамско тркало од 18 милиони евра, во коритото на реката Вардар. Со овие 18 милиони евра можеше да се изгради модерен и атрактивен Луна Парк каков што заслужуваат граѓаните на Скопје.

Трајановски не мисли на интересите на граѓаните на Скопје туку продолжува да биде извршител на Никола Груевски, единствено заради задоволување на неговите потреби и неговиот раскош и луксуз, велат од СДСМ.