СДСМ: Трајановски и парк – нема поголемо лицемерие, веднаш да си поднесе оставка!

0
954

Најголемиот уништувач на зеленилото во Скопје денеска лицемерно се сликаше на отворање на парк во населбата Аеродром.

Коце Трајановски го уништи зеленилото во Скопје поради нарачките за раскош и луксуз за Скопје 2014, на вистинскиот градоначалник Никола Груевски.

Еве што кажуваат бројките за приоритетите на градот. За 2016 година вкупно за изградба и одржување улици, во Буџетот на Град Скопје се предвидени едвај 25 милиони евра. Само за нови споменици, фонтани и фасади, се предвидени над 27 милиони евра!

На ова лудило за раскош и луксуз со цел лични и партиски богатења ќе му дојде крај на следните фер и демократски избори.

Коце Трајановски треба да го следи примерот на својот шеф и итно да поднесе оставка. Само на тој начин ќе се сменат приоритетите на градот, а граѓаните ќе добијат вистински градоначалник, велат од СДСМ.