СДСМ Тетово: ВМРО-ДПМНЕ забoрaви што вети за Тетово пред 4 години

0
1117

ОО на СДСМ Тетово потсетува дека пред четири години челниците на ВМРO-ДПМНЕ од Тетово ветиле нова црква, решавање на проблемот со македонските гимназијалци, нова градинка, вода за пиење, реконструкција на целата улица „Гоце Делчев“, прередување на коцката во стариот дел на градот, осветлување на улиците од тој дел, реконструкција на конаците од Лешочкиот манастир, православна капела, враќање на бистите на народните херои и уште многу други празни ветувања.

„Но, ние граѓаните од истите овие луѓе добивме само четиригодишен молк за сѐ што се случуваше во градот Тетово, за сѐ што претрпеа нашите сограѓани во овој период. Теута Арифи е повеќе од лош градоначалник, но и односот на овие луѓе е повеќе од лицемерен. Тие се луѓето кои ја избраа за градоначалник и луѓето кои со неа имаат договор. Вие сте луѓето кои четири години ги аминуваат нејзините политики и молчат пред револтот во јавноста. Граѓаните не забораваат, па затоа секој обид да прикажете, после четири години постојано молчење, дека сте загрижени за граѓаните и дека ја осудувате работата на градоначалничката ги осудуваме“, се наведува во соопштението на ОО на СДСМ Тетово.

Оттаму истакнуваат дека власта деновиве се обидува да ги искористи маките на жителите од Колтук и Два Бреста и по партиска директива да покаже присутност и сочувствување со нивните проблеми.

„Населението од овој дел има проблеми и основани барања, а популизмот на ДПМНЕ после десет години апсолутно владеење не може да им помогне. Неодговорноста и лицемерието ќе го казнат граѓаните. Никој не е наивен“, се додава во соопштението на ОО на СДСМ Тетово.