СДСМ: Сточарите не ги уништува ни Русија, ниту ЕУ, туку власта на Груевски

0
866

Соопштение на СДСМ:

Министерството за земјоделство и Агенцијата за храна и ветеринарство не ги заштитија навреме сточарите во земјава, на кои од болеста Јазлеста кожа им угина добитокот.

Што се однесува до забраната на Русија за увоз на говеда и месо од Македонија, добро е граѓаните да знаат дека од Македонија таков увоз воопшто и немало. И покрај бомбастичните најави од власта дека во Русија покрај млеко ќе можело да се извезува и месо. Уште непочната, соработката со Русија – заврши.

Што се однесува до ЕУ, унијата уште од поодамна има воведено забрана за увоз на термички необработено месо поради болеста Јазлеста кожа. Но сточарите од Македонија не извезуваат ни кон ЕУ.

Сточарите си ја обезбедуваа скромната егзистенција од домашниот пазар, којашто сега им е одземена, само затоа што оваа власт на Никола Груевски не ја набави на време потребната вакцина за да го спречи ширењето на проблемот.

Владата мора да ги обештети сточарите, а за сите други законски прекршувања ќе има одговорност.