СДСМ: Советникот на Груевски ќе директорува со ЕЛЕМ, но криминалите нема да му ги сокрие

0
1081

Советникот за енергетика на обвинетиот Никола Груевски, Христијан Мицковски новоименуваниот директор на ЕЛЕМ е уште еден промашен обид на Груевски да ги покрие промашените проекти на коишто работеше ЕЛЕМ изминативе години директно по негова нарачка, велат од СДСМ.

Од партијата истакнуваат дека државната компанија ЕЛЕМ под водство на неспособните кадри на Груевски не направи ниту една сериозна инвестиција во енергетските капацитети на Македонија, а со милиони евра пари на граѓаните гради рајски градини, барокни фасади…

„Токму советникот на обвинетиот Груевски, Христијан Мицковски, е човекот којшто очигледно го советувал зад името на ЕЛЕМ, Никола Груевски да ги реализира сите овие налудничави проекти. Заради овие промашени политики во енергетиката граѓаните на Македонија изминативе 10 години плаќаат за 100% поскапа цена на електричната енергија. Советникот од најблиското опкружување на Груевски е ставен да директорува во ЕЛЕМ за да се обиде на 70 дена од конечното заминување на оваа неодговорна власт да ги прикрие криминалите што се направени во енергетиката за овие 10 години. Кадрите на Груевски го изгубија кредибилитетот да креираат и спроведуваат енергетски политики“, велат од СДСМ.