СДСМ: Сликањето на Никола Груевски со членовите на Специјалната олимпијада на Македонија е крајно лицемерно

0
1047

Денешното сликање на Никола Груевски со членовите на Специјалната олимпијада на Македонија е крајно лицемерно, велта од СДСМ.

sdsm-1_0

„На последната седница на Советот на Град Скопје, советниците на СДСМ и на коалицијата предложија набавка на уште едно дополнително возило за лица со посебни потреби, наместо набавка на електричен автомобил за потребите на администрацијата на градот. Вредноста на електричниот автомобил е 30.000 евра, што е сосема доволно за набавка на уште едно, дополнително специјално возило за лица со посебни потреби. Сепак, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, наместо за потребите на лицата со посебни потреби, одлучија да се луксузираат со електрични возила за администрацијата“, се вели во партиската реакција од СДСМ.

Од опозициската партија велат дека за Груевски потребите на граѓаните никогаш нема да бидат пред неговите и пред потребите на неговите соработници од злосторничкото здружение за раскош и за луксуз. Според партијата, граѓаните тоа веќе добро го знаат и ќе го испратат Груевски во политичка пензија.