СДСМ се приклучува на протестите пред Уставен суд!

0
918

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев изјави денеска дека опозицијата се приклучува на протестот пред Уставниот суд, најавен од страна на граѓанските организации. Според него, срамните одлуки на партиските инсталации во Уставниот суд се обид, како што нагласи да се амнестира изборен криминал и изборна измама.

„Хаосот во избирачкиот список го потврди она што го покажа и Вистината за Македонија. Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ не само што ги краделе парите на граѓаните, туку го краделе и нивното основно право на слободен глас, на слободен избор“.

Заев истакна дека намерата да се амнестира тој изборен криминал ги загрозува темелите на правниот и уставниот поредок врз коишто почива државноста на Македонија. Според него, законот мора да важи за сите подеднакво и секој што го прекршил мора да одговара. Тој воедно испрати повик до сите граѓани да се приклучат на протестите и да застанат во одбрана на Уставот и уставниот поредок на земјата.