Соопштение на СДСМ:
Денеска во Брисел, на средби со наши државјани кои живеат и работат во Белгија се членовите на Извршниот одбор на СДСМ, Едмонд Адеми и Аднан Џафероски.
На средбата се разговара за актуелната политичка состојба во Македонија, за фокусираноста на СДСМ за организирање и одржување регуларни избори во декември, како и за Планот за Македонија со којшто СДСМ по изборите ќе обезбеди добар живот за сите.
Адеми и Џафероски објаснија како СДСМ планира да го подобри животниот стандард и да мотивира живот во Македонија. Соопштија и повеќе мерки со кои се отвора шанса за граѓаните кои заминале од Македонија да можат да се вратат. Една од нив е директна поддршка од државата на третина од инвестицијата на повратник од странство, ако со неа бидат вработени најмалку 10 лица.
На средбата се разменети идеи и размислувања со припадниците надијаспората околу нивната важна улога во обнова на државата по изборите на 11 декември.