СДСМ: Се ближи 11 декември, референдумот на кој Македонија ќе избере иднина

0
970

Со распуштањето на Собранието, почна и одбројувањето до денот кога Македонија ќе го победи режимот на Никола Груевски и ќе почне да се реализира планот на СДСМ и на граѓаните за живот во Македонија, велат денеска од СДСМ по вчерашаното распуштање на собранието.

-Се ближи 11 декември, референдумот на кој Македонија ќе избере иднина. По три дена натегање и откако сфатија дека сите игри им се прочитани од граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ конечно престана да одолговлекува и да купува време. Нема веќе бегање, казната за криминалното владеење е неминовна. Граѓаните на Македонија сега имаат целосно право да одбројуваат до денот кога ќе почнат да им се реализираат трите големи очекувања: 1. да имаат повисоки плати и животен стандард; 2. да имаат институциите што им служат ним, образование што ги учи нивните деца, здравство што лекува; и 3. да живеат безбедно, сигурно, во правна држава и со еднакви шанси, се вели во соопштението на СДСМ.