СДСМ: Пуленот на Ѕинго, Цветков да одговори колку пари испрал Ѕинго преку него!

0
1073

Да не молчи земјоделскиот пулен на Груевски, Михаил Цветков, веднаш да одговори пред целата јавност:

Дали Пелагонија добивала тендери од власта на Груевски пред 2014 кога фирмата била раководена од луѓе на ВМРО-ДПМНЕ?

По смената на раководниот тим во Пелагонија, компанијата нема добиено ниту денар од државниот буџет.

Цветков треба да одговори и како од позиција на министер дозволил Министерството за земјоделство да даде тендер и да исплати пари на Силекс Неметали на Љубисав Иванов Ѕинго за чистење канали, додека истовремено бил член и член на Управниот одбор на Силекс АД Кратово?

Ова е чист случај на судир на интерси!

Ќе отвориме истрага и за овој случај и за сите други јасни индиции за тешки криминали за коишто сега молчат и Цветков и сите други надлежни органи и институции.