СДСМ: Пропагандата на режимот лаже, сопругата на Хари Локвенец работи во Телеком од 1996-та година!

0
1649
sdsm640nasa
ДО
МЕДИУМИТЕ
Соопштение, демант на СДСМ
Почитувани,
Невистина и тенденциозна контрукција е тврдењето на медиумските курири на Никола Груевски дека сопругата на пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец, е вработена во Телеком во 2003 година.
Сопругата на Локвенец работи за оваа компанија од 1996 година.
По вчерашната седница на пратеничките прашања, стана јасно дека во центарот на корупциската афера Телеком се ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски и дека корумпираноста и вмешаноста на лица
од сегашната власт е клучната причина за стопирањето на истрагата.
Очигледно медиумските курири неуспешно се обидуваат да го бранат Никола Груевски.
Скопје, 24.09.2015 год.
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА