СДСМ ПРОДОЛЖУВА ПРЕКУ СООПШТЕНИЈА БРУТАЛНО ДА ГИ ТЕПА ГРУЕВЦИ – СДСМ Прилеп : Добро е што ви текна дека постои Јавно обвинителство, обвинителство кое се интересира за опљачканите 1,5 милиони евра од општинската каса, но постои интерес и кај СЈО кое ќе го пикне Марјан Ристески во ЌОРКА!

0
1544

Реакција на ОО на СДСМ Прилеп на изјавата на Крсте Јованоски од ВМРО-ДПМНЕ:

Соочени со сѐ поизвесниот изборен дебакл кој ќе го претрпат на 15 октомври, ДПМНЕ од ден на ден ја засилува својата валкана кампања.

Во недостиг на идеи како да ги решат огромните проблеми во државата кои самите ги создадоа за време на нивното 12 годишно владеење, лагите и манипулациите станаа единственото нешто со кои ДПМНЕ се обидува да спаси што може да се спаси.

Тврдењата на нивниот пратеник Крсте Јовановски за наводен предизборен поткуп на гласачите во, како што вели „Ромското маало“ во Прилеп од страна на СДСМ, се највулгарен обид за манипулација и дискредитација на нашите кандидати. Со самото тоа што на клеветнички начин се обидувате да ги извртите фактите за нашата теренска кампања „Од врата до врата“, каде граѓаните сѐ помасовно и сѐ поотворено ја искажуваат својата наклонетост кон СДСМ и коалиционите партнери, вие по којзнае кој пат ги потценивте нашите сограѓани од ромската етничка заедница.

Господа од ДПМНЕ, помина времето кога вашите функционери како казнена експедиција ја крстосуваа прилепската населба Тризла во обид да го исплашат или поткупат локалното население. Податокот дека во 21 век вие сѐ уште зборувате за вреќи со брашно и канти со масло, зборува дека сте останале заробеници на минатото заради што народот на 15 октомври жестоко ќе ве казни.

Добро е што конечно и вие се сетивте дека во државата постои Јавно обвинителство. Да ве потсетиме дека тоа е истото тоа обвинителство кое се интересира за криминалот со парите од општинската каса, за исчезнатите документи кои водат до трагата на украдените 1,5 милиони евра, а ќе ве потсетиме дека интерес за работата на вашиот кандидат за градоначалник покажа и Специјалното јавно обвинителство.

Почитувани, колку и да се обидувате да ги шпекулирате, манипулирате, лажете, тоа нема да ве спаси од пораз. Вашето време заврши! Моментот на вистината ќе ве стаса на 15 октомври. Граѓаните и на Прилеп и на останатите општини од Република Македонија широко ги отворија вратите за промени во државата.

Сакале вие да признаете или не, но вистината е само една: На 15 октомври прилепчани масовно ќе гласаат за кандидатската листа за советници на СДСМ и коалицијата и за новиот градоначалник Илија Јованоски!