СДСМ: Проблемите на стартот на учебната година се огледало на политиките на Груевски и Ристовски

0
1166

Има ли учебници за сите ученици? Нема.

Има ли клупи и столчиња за сите ученици? Нема.

Има ли обезбеден превоз за сите ученици? Нема.

Има ли доволно простории во сите училишта? Нема.

Пуштено ли е во употреба училиштето во Хром? Не е пуштено.

Дали во поплавените училишта во Арачиново и Страчинци има услови за настава? Нема.

Знaчи, Спиро Ристовски ја излажа јавноста во Македонија. Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните функционери да ги манипулираат граѓаните.

Граѓаните знаат, учебната година почна без учебници, клупи, столчиња и со обемни неефикансни наставни програми.

Штетните политики на ВМРО-ДПМНЕ ги тераат младите да ја напуштаат земјата.

Никола Груевски и Спиро Ристовски ќе се соочат со одговорноста за образовниот и младински егзодус во Македонија, велат од СДСМ.