СДСМ Прилеп : Ноторна лага е дека командирот на Полициската станица од општа надлежност – Прилеп, Кире Спиркоски во Општина Прилеп ја вработил сестрата на својата сопруга

0
1288

Писмена реакција на денешен прес на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски

Почитувани,

Нереформираната ВМРО-ДПМНЕ, партијата која се уште е заглавена во криминалните раце на бегалецот Никола Груевски, продолжува да шири лаги и клевети.

Ноторна лага е дека командирот на Полициската станица од општа надлежност – Прилеп, Кире Спиркоски во Општина Прилеп ја вработил сестрата на својата сопруга.

Чудно е што партијата која во моментот има министер за внатрешни работи, да не знае дека личноста која ја посочуваат дека наводно била вработена во Општина Прилеп, всушност долги години е вработена и се уште работи во МВР.

Доколку во законски превидениот рок, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски не се извини за јавно изнесените невистини и клевети, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Непотизмот и инсталирањето на кадри во државните и локалните институции, беше одлика на ВМРО-ДПМНЕ, за што постојат стотици примери.

Почнувајќи од поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој за прв човек на УБК си го постави братучедот Сашо Мијалков, а за министер за финансии кумот Ставревски, па се до актуелниот партиски лидер Христијан Мицкоски, кој бил избран за асистент кај неговиот татко на Машинскиот факултет.

На локално ниво, најдобар пример е екс градоначалникот Марјан Ристески, чија сопруга е вработена на Економскиот факултет во Прилеп, кој неговиот прв братучед Златко Ристески го постави за директор на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, а неговиот кум Гоце Ингилизов беше директор на Завод за здравствена заштита.

Груевистичката ВМРО-ДПМНЕ, партијата која е симбол за непотизам, криминал, корпуција и расипништво, нема да добие шанса за повторно инсталирање на режимот.

Со почит,

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ – Прилеп