СДСМ Прилеп : Марјан Ристески нема да го сокрие криминалното трошење на народните пари

0
1295

Очигледен е стравот кај Марјан Ристески и ВМРО-ДПМНЕ што наспроти себе го имаат д-р Илија Јованоски – докажан, чесен и одговорен човек, којшто својата кариера ја изгради со личен труд, знаење, умешност и коректен и хуман однос со сите граѓани во Прилеп и надвор од границите на Македонија.

Немоќта и стравот кај Марјан Ристески од лажните и нереализирани ветувања, покренатите постапки во обвинителството за криминалното и коруптивно трошење на општинските пари, го тераат да шири говор на омраза, паника и страв помеѓу граѓаните на Прилеп.

Во 12 години власт, Марјан Ристески, ги осиромаши граѓаните и ги остави младите без работа и на улица, а си ги вдоми, сопругата, шурата, братудечот, кумот.

На сметка на граѓаните ја прошета Австралија, Америка и скоро цела Европа, без да донесе ниту една странска инвестиција.

Затвораше дуќани, нарачуваше инспекции и казни, по нарачка и во договор со сопартиецот, Миле Јанакиески, за којшто се водат судски спорови за криминал.

Државниот завод за ревизија утврди, а судот ќе потврди, каде исчезна документација за потрошени 1.5 милиони евра општински пари, само за 2015 година.

Судот ќе открие и зошто се набавувала нафта за греење, без да се води евиденција за прием и остаток на залиха, зошто споменикот на „Крали Марко“ е платен дупло од проценетата вредност и многу други основани сомненија за незаконско трошење на парите од општина Прилеп.

Марјан Ристески нема образ да зборува за НОБ, затоа што токму ВМРО-ДПМНЕ го уништи Орденот на Прилеп- Град Херој, и 3 пати ги смени имињата на улиците, за да ја помогне кражбата на изборни гласови во Прилеп.

Прилепчани ја препознаа дволичноста и лажниот патриотизам на Ристески и ВМРО-ДПМНЕ.

На 15 октомви, прилепчани ќе гласаат за Илија Јованоски.

За бројот 19, за живот во Прилеп за сите!