СДСМ : Почит кон загинатите бранители и граѓаните, вистината за Диво Насеље ќе излезе на виделина!

0
1074

Соопштение за јавност

Вистината за случувањата од 9-ти мај 2015 година во Куманово мора да излезе на виделина и случајот ќе биде расчистен до крај. Тоа е должност кон семејствата на 8-темина загинати бранители, кон семејствата кои останаа без домови и кон сите граѓани на Република Македонија.

СДСМ изразува почит кон загинатите бранители и кон сите граѓани на Куманово и на Македонија кои не дозволија провокациите од каков и да е мотив, да ја нарушат стабилноста на државата.

Правдата мора да допре до извршителите, но и до иницијаторите и нарачателите на кумановските настани. Детално ќе се истражат индициите за вмешаност на одредени структури од досегашната власт во немилите настани. Тоа ќе се изведе на транспарентен, независен и професионален начин, со што ќе се расчистат сите дилеми и шпекулации.

Новата Влада предводена од СДСМ, ќе се посвети на целосно расветлување на случајот и неговата позадина. Ќе биде побарана и меѓународна поддршка во истрагата заради обезбедување на сите релевантни информации, но и за обезбедување на потполна доверба на граѓаните во резултатите од истрагата.

Никој нема да биде амнестиран од одговорност, доколку се докаже дека на каков било начин бил дел од инцидентот што ја загрози безбденоста на државата. Инволвираните и виновните во случајот ќе понесат одговорност за вакви злосторства никогаш повеќе не и се повторат на Македонија.