СДСМ: Потрошиле милијарда евра за енергетика, а струјата е поскапа за 100 отсто!

0
977

Aко власта на Никола Груевски инвестирала една милијарда евра во енергетиката, зошто граѓаните плаќаат за 100 проценти поскапа струја денес во однос на 2006 година, реагира денеска СДСМ.

„Значи, како што признаa од ВМРО-ДПМНЕ, потрошиле над една милијара евра народни пари, а, како што покажуваат официјалните податоци, на графиконот во прилог: домашното производство на струја е намалено, увозот на струја е зголемен за 40 проценти, зголемена е за над 100 проценти цената на скапата тарифа на струјата. Тогаш каде и за што отишле над милијарда евра потрошени пари на граѓаните како што призна во соопштение ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Оттаму истакнуваат дека ќе има ревизија и одговорност за сите злоупотреби на пари на граѓаните.

„По 11 декември одговорна влада предводена од СДСМ ќе инвестира во домашното производство на струја, со што ќе создадеме можност да се намалат сметките за струја на граѓаните“, се наведува во реакцијата.