СДСМ: Потребен е пораст од 6 проценти на БДП за граѓаните да почувствуваат подобрување

0
919

„Нереален е порастот на домашниот бруто-производ (БДП) од два процента со кој излезе Државниот завод за статистика (ДЗС) и номиналниот пораст од 8,7 отсто, бидејки тие се невозможни во услови кога во земјава има дефлација. Тоа значи дека ДЗС лаже“, се вели во соопштението на СДСМ.

Оттаму додаваат дека „оваа надградена и проширена прогноза на ДЗС за пораст на БДП од едвај 2 проценти открива дека и Зоран Ставрески и Никола Груевски лажат кога најавуваат двојно повисок економски пораст.“

– Со дискутабилниот економски пораст од 2 проценти што го соопштија од ДЗС, дискутабилни се и прогнозите на Ставрески за двојно поголем пораст до крајот на годината. Во услови на незначителен економски пораст, паѓаат во вода и бројките на ДЗС за наводно намалување на невработеноста – се вели во соопштението на СДСМ.

Во него, исто така, се додава дека потребен е пораст од повеќе од 6 проценти на БДП, за граѓаните да почувствуваат промени во нивните семејни буџети.