СДСМ: Попоски итно да објасни зошто Мијалков има дипломатски пасош!

0
990

sdsm-1_0

Инфомацијата дека на Сашо Мијалков му е издаден дипломатски пасош отвора нов сериозен скандал. Тоа значи дека институциите раководени од соработниците на Груевски влегуваат во сериозна злоупотреба на службената положба. Министерот за надворешни работи Никола Попоски е должен веднаш да објасни по кој основ МНР дозволило дипломатски пасош за братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, се вели во денешното соопштение од СДСМ.

„Објавените документи покажуваат дека Мијалков добил дипломатски пасош како експерт. Каков експерт е Сашо Мијалков? Која институција го именувала Мијалков за експерт и побарала за него дипломатски Дипломатски пасош се издава на експерт во исклучителен случај со ограничен рок на употреба, додека е потребен престојот во странство на тоа лице. На Мијалков, дипломатскиот пасош му бил издаден на 29 август годинава и е со траење од 5 години! Сашо Мијалков ја напушти позицијата директор на УБК, по скандалите со прислушувањето и случувањата во Куманово. Овој потег на министерот за надворешни работи Попоски говори дека Груевски со соработниците подготвува терен за бегство на Сашо Мијалков од Македонија. Прашање е уште колку вакви дипломатски пасоши издало МНР. Укажуваме дека ќе има одговорност за сите кои ќе се вмешаат во незаконитите, криминални, панични потези на власта на Никола Груевски во замунување“, тврдат од СДСМ.