СДСМ: Очајот на ВМРО-ДПМНЕ премина во кукавичлук, Груевски се плаши од независен министер за внатрешни работи

0
976

gruevski5

„Очајот на ВМРО-ДПМНЕ премина во кукавичлук. Тоа го покажуваат засилените подметнувања и лаги од страна на Груевски по медиумите под негова контрола, откако за целиот свет стана јасно дека тој ја коцка иднината на Македонија.

Се плаши Груевски од независен министер за внатрешни работи. Тоа е работата.

Каква поделба на функционерски места, какви наводни меѓупартиски договори со албански партии.

Груевски се обидува да игра на картата подгревање национални чувства во обид да се спаси себе си. Тоа е вистината.

Ингеренциите на министрите кои ќе бидат дел од техничката влада се јасно дефинирани во Договорот од 2 јуни/5 јули и јавно достапни за сите“, велат од СДСМ