СДСМ ОТКРИ УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ СО МИЦКОВСКИ, НЕ БИЛЕ САМО ХИДРОЦЕНТРАЛИТЕ: Мицкоски се крие и и не дава одговори каква е неговата корист од фирмата на неговиот баџанак отворена во Бугарија за време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ!

0
1932

ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на лажни вести, продолжува со измислици и конструкција на непостоечки случаи кои немаат допир со реалноста.

Христијан Мицкоски и денеска се сокри зад прес конференција полна со лажни вести и не даде одговори за фирмата на неговиот баџанак Јорданчо Јанев, „Дано Транс ЕООД“ формирана во Бугарија во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски не одговори кој е неговиот личен интерес од фирмата на неговиот баџанак бидејќи станува збор за фирма од најтесното семејство на Хидро Мицкоски.

Мицкоски не кажа ниту што мисли за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и Васил Пишев кои имаат фирми во Бугарија, отворени токму во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со лаги не можат да ја попречат вистинита да излезе на виделина.

Разбирлива е нервозата кај Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ од извеснот пораз на претседателските избори, но јавноста очекува конкретни и јасни одговори, а не лажни вести и измислени случаи. – велат од СДСМ.