СДСМ одговори на соопштението на јавното обвинителство : Абе вие судски орган сте или политичка партија?!

0
1016

sdsm-1

Соопштение на СДСМ за реакцијата на Јавното обвинителство, 02.05.2015

Јавното обвинителство реагира како да е политички субјект, а не правосуден орган.

Ова е уште еден класичен доказ дека обвинителството е инструмент за остварување на политички цели и интереси на Никола Груевски и Сашо Мијалков.

Нека не ја лаже Обвинителстото јавноста со обиди за оправдувања и затскривања зад обвинителите.

Јавното обвинителство функционира по принципите на хиерархија и субординација.

Обвинителниот акт против лидерот на опозицијата и обвинетите во конструираниот случај Пуч е нареден од Јован Илиевски, баџанак на Сашо Мијалков и Марко Зврлевски, директен извршител на власта на Никола Груевски.

Да имаше Јавното обвинителство каков било аргумент за покренувањето на обвинителниот акт против обвинетите во конструираниот случај Пуч, ќе го соопштеше јавно пред граѓаните на Македонија.

Јавното обвинителство нема аргументи!

Република Македонија сега е прва држава во светот каде што има обвинение за пуч, без притоа во таквиот наводен пуч да има каква било инволвираност на вооружени структури од полицијата и од МВР и АРМ.

Порачуваме дека Јавното обвинителство е должно да постапува согласно законите во Република Македонија, а не по нарачки на тесна група на власт на чело со Никола Груевски којашто работела на уривање на уставниот поредок на државата и правела злодела врз граѓаните на Македонија.