СДСМ: Обвинетиот Груевски и послушниците признаа дека потфрлија за поплавите

0
904

Обвинетиот Никола Груевски и неговите послушници денеска признаа дека на повеќе од 40 дена по поплавите, граѓаните од поплавените региони се уште не можат да си го вратат животот во нормала. Признаа дека сите семејства се уште го немаат добиено ниту авансот од 500 евра, а за целосно обештетување засега воопшто и не станува збор, велат од СДСМ.

„Признаа дека не постои атмосферска канализација. Поплавите однесоа најмалку 23 човечки животи! Има огромни материјални штети коишто никој до сега не ги надоместува! Голем број граѓани се уште се без дом или без елементарни услови за живот! Институциите потфрлија. Не реагираа на време. Обвинетиот Груевски и неговите кадри вчера избегаа од надзорната расправа за поплавите во Собранието, но од одговорност нема да избегаат“, соопштуваат од СДСМ.