СДСМ: Никој и ништо не може да застане на патот на започнатите демократски процеси во Македонија

0
849

„Никој и ништо не може да застане на патот на започнатите демократски процеси во Македонија.

Обидот на Никола Груевски преку прес конференцијата на Никола Тодоров да изврши притисок врз Управниот суд е доказ во каква паника е Груевски од промените што следуваат.

Укажуваме дека времето за политичари како Груевски заврши. ВМРО-ДПМНЕ веќе е опозиција, мнозинството граѓани избраа промени.

Институциите, вклучувајќи го и Управниот суд, се должни да работат единствено во интерес на граѓаните на Република Македонија“, се вели во писмената реакција на СДСМ на денешната изјава на Никола Тодоров.