СДСМ: Никола Груевски е против зголемена минимална плата за работниците од 12.000 денари, затоа шири КУРТОН вести

0
1312

,,Очигледно е дека Никола Груевски не може да поднесе работниците да добиваат повисока минимална плата од 12.000 денарии и повеќе пари од буџетот да завршуваат назад кај граѓаните“, стои во реакцијата на СДСМ на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„Граѓаните денеска слушнаа дека Никола Груевски е против зголемување на минималната плата за работниците од 12.000 денари. Затоа шири лажни вести.

Додека Груевски договараше провизии, плацеви на Водно и други матни здлеки, Македонија, во изминатите 11 години стигна до дното во регионот и Европа, со најниска минималната плата.

Неправдите и штетите што Груевски им ги нанесе на работниците навремено и одговорно ги санира Владата предводена од СДСМ.

Владата предводена од СДСМ овозможи работниците да добијат покачување на минималната плата на 12.000 денари. Дополнително овозможи и намалување на трошоците за живот, преку укинување на радиодифузната такса, враќање на евтината дневна тарифа на струјата, намалени катастарски трошоци до 50%, со што се подобрува животниот стандард на граѓаните и повеќе пари остануваат во семејните буџети.

Затоа на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ, единствената партија којашто не плаќа данок во земјава, никој повеќе не им верува, ниту пак на нивните измислени лажни вести“, стои во соопштението на СДСМ.