СДСМ: Не сме изненадени од одлуката за обвинителен акт против Заев, сега очекуваме и брза пресуда, но сето тоа им е џабе, готови се!

0
1239

Одлуката на Јавното обвинителство за конструираниот случај Пуч за СДСМ не е изненадување, затоа што токму ние, со докази, аргументирано, објавивме под каква контрола на извршната власт е целокупниот систем во Република Македонија.

sdsm640nasa

Јавното обвинителство во период од 30 дена, почнувајки од 24 април, требаше да донесе одлука – или да поднесе обвинителен акт или да ја отфрли кривичната пријава на МВР за случајот што го конструираше.

Одлуката, Јавното обвинителство ја донесе за само 6 дена, од вкупно 30 дена што ги имаше на располагање за донесување одлука.

Тоа што вчера, јавниот обвинител, преку адвокатите побара да му бидат доставени пасошите на притворените Соња Верушевска и Бранко Палифров, за да ја замени мерката притвор со друга поолеснителна мерка на обезбедување, а сепак на крајот се донесе одлука за поднесување обвинителен акт и продолжување на притворот, само дополнително потврдува дека одлуката е донесена од Јован Илиевски, баџанак на Сашо Мијалков и Марко Зврлевски, директен извршител на власта на Никола Груевски.

Одлуката, максимално брзо да се донесе обвинителен акт доаѓа директно од Никола Груевски и Сашо Мијалков, кои се фатени во рушење на уставниот поредок и злодела врз граѓаните на Република Македонија.

Тоа што сега го очекуваме е брзо да се донесе и пресуда против лидерот на опозицијата и другите лица кои се во притвор.

Борбата за слобода и демократија продолжува.

Вистината е само една и единствена и таа ќе исплива на површина порано или подоцна.