СДСМ: Не постои поголем лажго и манипулатор од Груевски

0
950

„Не постои поголем лажго и манипулатор во Македонија од Никола Груевски.

Слушнавме од Вистината за Македонија како Груевски со неговите соработници се заканува на граѓани со бркање од работа, со одземање пензии, социјална помош, со закани по живот.

Слушнавме и како Груевски на криминален начин добивал избори.

Нема услови во Македонија за анкета што го одразува вистинското расположение на граѓаните“, стои во соопштението на СДСМ, кое е реакција на теренската анкета на Брима Галуп објавена денеска, а спроведена од 29 јуни до 5 јули.

Според анкетата, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ имаат предност пред СДСМ.