СДСМ: Нема да дозволиме обвинетиот Груевски да го банкротира ПИОМ

0
1314

Соопштение на СДСМ:

Штетните економски политики на обвинетиот Никола Груевски и неговата банда направија дупка во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и го загрозија функционирањето на фондот. Загриженост за ситуацијата изразува и Светска банка, која потврди дека дефицитот во ПИОМ постојано расте.

Следната година дури 452 милиони евра или над 45 % од пензиите ќе се исплаќаат директно од Буџетот. ВМРО-ДПМНЕ нема никаква идеја за стабилен пензиски систем и единствено што ги интересира е како моментално да ги закрпат дупките. Никој во ВМРО-ДПМНЕ, а најмалку луѓето околу обвинетиот криминалец Никола Груевски се грижат за одржливоста на ПИОМ на среден рок и долг рок.

По 11 декември доаѓа нова одговорна Влада којашто преку здрави економски политики ќе поттикнува отворање на реални работни места, кои ќе обезбедуваат стабилност за ПИОМ, како и подобар животен стандард за сите граѓани на Р.Македонија вклучително и за пензионерите.